Митрополит Струмички Наум: Куќа без темели (21.10.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 44 seconds


TVITer55


Куќа без темели (21.10.2020 16:35)

И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана наводнение, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо (Лука 6, 46–49).

„Оној што слуша и не исполнува“ е оној што нема опит од духовната борба. Опитот во духовната борба ни овозможува и себепознание и познавање на демонските лукавства и замки. Опитот од духовната борба во Црквата нѐ прави причесници на соборниот опит на сите Светии; затоа демонот, иако многу постар и поопитен од нас, не ни може ништо.

Опитот од духовната борба не се стекнува со световно знаење. Духовниот опит и знаење се стекнува со восогласување на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, како и со местото и улогата што ги имаме во Црквата.

Накратко речено, духовниот опит се стекнува во духовната борба во која учествуваме, само откако сме го ставиле умот во процес на исцеление, духовно раководени од духовен отец, во Црквата. Восогласувањето на почетокот не е ништо друго туку послушание.

Значи, со световно знаење и опит може да се основа дом, бизнис, политичка кариера, да се стекне човечка слава, но без духовен опит, и при првиот налет на посериозни искушенија, сето тоа е во голема опасност да се распадне.

Посебно „оној што слуша и не исполнува“, а изградил куќа – под што се подразбира успех во која било област, при првиот демонски напад, сѐ му паѓа, оти нема опит од духовната борба, нема скен за духовните случувања, нема предвидување за движењето на нештата, просто – не е пророк, а можел да биде.

Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење. Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење. Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.

Пресвета Богородице, спаси нас!

3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7338

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23592-21-10-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Дедо Наум – Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог!

Неколку едноставни забелешки (07.02.2021 16:51) Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог, на смирението и на послушанието кон духовниот отец, т.е. не сака да расте, зрее и осознава во Бог и преку Бог, туку самиот од себе и преку себе, и затоа му се потребни нови и многу информации...

Image Description
3 years ago

Закхеј

Во Црквата сите големи настани си имаат своја подготовка. На пример, пред доаѓањето на Господ најпрво дојде свети Јован Крстител и Претеча, кој дојде за да го подготви народот за доаѓањето на Спасителот. Мојсеј пред да ги добие заповедите се подготвувал со пост. Пред Крште...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020)

 Митрополит Струмички Наум:Неправедно богатство (03.12.2020 ) Деца, го слушнавте денешното евангелие: „И Јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта“ (види: Лука 16, 1–10). Кој е тој несправедлив настојник; со какво непр...