Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 30 seconds


Zvonko.sv.Vasa10


Како договорени (27.12.2020 )

Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина; и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ’Дојдете, оти сè е готово!‘ И почнаа сите, како договорени, да откажуваат...“ (Лука 14, 16–24).

Во денешното евангелско четиво гледаме, во суштина, исплашени луѓе кои поради приврзаноста со овој свет се откажуваат од Богочовекот Христос и од Неговата „голема вечера“ – односно од причестувањето со Телото и Крвта Христови.

А што гледаме во житијата на сите свети маченици, на преподобните отци (монасите) и на јуродивите заради Христос? Гледаме незамолчливо сведоштво на храбро и екстремно одрекување од овој свет – заради Христос.

Ги потенциравме горенаведените крајно спротивставени примери за да ја избегнеме осредноста: „Ги знам делата твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр. 3, 15–16).

Но, моето внимание посебно го привлече оваа реченица: „И почнаа сите, како договорени, да откажуваат“. Замислете, „како договорени“!?

Сигурно овде не се мисли на некаков конкретен и осмислен договор, туку на неосвестено, но воедначено човеково однесување. И, сигурно не се работи толку за однесувањето, колку за еден и ист дух што го раководи тоа однесување – паднатиот дух. Оти, кој друг дух би се одрекол од Христос?

И кој друг дух би можел, и денес, толку различни (етнички, партиски) и неповрзани луѓе да ги поврзе во едно те исто однесување – во противење на Христовиот Дух, освен духот на антихристот?

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога е во прашање поткопувањето на единството на Македонската Православна Црква – ОА, како и кога е во прашање обидот за оневозможување на единствената „голема вечера“ од Богочовекот Христос, преку неа, подготвена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7365

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23785-mitropolit-strumichki-naum-kako-dogovoreni-27-12-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Кое е – неправедно богатство? (Дедо Наум)

Неправедно богатство (03.12.2020 15:34) Деца, го слушнавте денешното евангелие: „И Јас ви велам: создадете си пријатели со неправедно богатство, па кога осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта“ (види: Лука 16, 1–10). Кој е тој несправедлив настојник; со какво неправедно богатство управува и...

Image Description
3 years ago

Молитвен подвиг или беспомошно чекање! (Митрополит Наум)

Молитвен подвиг или беспомошно чекање (13.12.2020 11:22) Денешново празнично евангелие (Јован 1, 35–51) е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот; сведоштво за исполнета молитва. Кога Христос му вели на Натанаил: „кога беше под смо...

Image Description
3 years ago

Секташко однесување во Црквата! Митрополит Наум

Секташко однесување во Црквата (17.10.2020 09:41) (Да застанеме смирено, да стоиме со страв) Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла. Оти од домашните на Хлој чув за...