AПОКАЛИПСА БЕЗ КРАЈ! (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 58 seconds


Разумен проблем (24.01.2021 16:58)

Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот?

Во денешното евангелие читаме: „Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: ’Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!‘“ (Матеј 4, 12–17).

Покајанието, во суштина, е преумување; кога нашиот ум од горд, расеан и затемнет, во содејство со Божјата несоздадена благодат, се преобразува во смирен, собран и просветлен; како и кога се здобиваме со духовен разум.

Рековме дека умот има една енергија со која врши две функции: примарна и секундарна. При примарната функција, умот ја насочува својата енергија кон Бог, а при секундарната функција ја носочува својата енергија кон созданието.

Примарната функција на умот, човекот ја користи за комуникација – за однос и заедница со Бог. Секундарната, човекот ја користи за комуникација со тварта, со созданиjата. Секундарната функција на умот се нарекува разум.

Секундарната функција на умот – разумот, функционира правилно само доколку правилно функционира и примарната функција, т.е. доколку Божјата обожителна енергија и светлина се соедини со кон неа насочената човeчка енергија, при вршењето на примарната функција на умот, и кога при тоа енергетско соединување човечката енергија биде преобразена и просветлена.

Ова е состојба на просветлување на умот и крај на дуализмот во човекот; крај на внатрешната подвоеност и на чувството на отцепеност од овој свет; и крај на пресудното влијание на светот врз енергијата на нашиот ум (разум).

Со прости зборови, само просветлен ум (разум), преку умно-срдечната молитва, во Црквата, може правилно да расудува и во комуникацијата со Бог и со овој свет и неговите појави. За ова сум пишувал повеќепати.

Сега, разумот кој не е духовен, т.е. кој не е просветлен, ја следи состојбата на својот ум – тој е затемнет, расеан и горд; шизофреничен и параноичен.

Гордиот разум не се потпира на Бог и на верата и довербата во Бог, туку се потпира на многуте информации, на себе и на своето размислување. Гордиот разум е надвор од послушание и затоа е постојано гладен за нови информации.

Од друга страна, гордиот, расеан и затемнет разум нема просветленост преку која би ја препознавал вистинитоста или лажноста на информациите, и затоа уште повеќе се збркува и затемнува, а човекот страда во параноја.

За греота се луѓето со непросветлен разум – какви што се религиозните социопати, посебно во времиња – како нашево; ем самите страдаат, ем други побркуваат. Наместо еднаш, таквите ја преживуваат апокалипсата секој ден.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/24/apokalipsa-bez-kraj-mitropolit-naum/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Молитва за цел свет (05.09.2020 15:38) Еднаш порано ви реков: доколку веруваме и знаеме дека ние сме никој и немаме ништо, а дека Господ Исус Христос ни е сѐ – и што сме и што имаме, тогаш свесноста за оваа наша состојба ја покажуваме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на умот во...

Image Description
3 years ago

Недела на блудниот син

НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН Од многуте параболи, кои ги изговорил Господ Исус Христос, најубава, најсодржајна и најпоучителна е параболата за Блудниот син. Од многу свети отци, оправдано таа е наречена „бисер меѓу параболите“ и „Евангелие во Евангелието“. Таа им послужила како инспирација на многу уметни...

Image Description
3 years ago

Педесетница

ПЕДЕСЕТНИЦА Кога Православната Црква празнува некој настан од животот на нашиот Господ Исус Христос, тоа не е обично споменување или сеќавање на настанот. Црквата повторно го живее и доживува секој настан од свештената историја, за да можеме и ние денес да го доживееме лично. На таков начин, Црквата...