Амин! (Александар Шмеман)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 42 seconds


Така се вративме таму од каде што почнавме, од каде што почнува самата Евхаристија, на благословувањето на царството Божјо.

Што значи тоа да се благослови Царството?

Тоа значи дека го признаваме и го исповедаме како наша највисока и крајна вредност, предмет на нашата желба, на нашата љубов и надеж, како „живот на животот”.

Значи дека го прогласуваме за цел на светата тајна, на патувањето, издигнувањето и на влегувањето што почнува.

Тоа значи дека мора да ги насочиме своето внимание, ум, срце и душа, т.е. сиот наш живот кон тоа што навистинa e ‘единствено потребно’.

Конечно, тоа значи дека сега, веќе во „овој свет”, ja исповедаме можноста за заедница во Царството, за влегување во неговата светлина, вистина и радост.

Секогаш: кога христијаните „се собираат како Црква” сведочат пред целиот свет дека Христос e Цар и Господ, дека Неговото царство му e веќе откриено и дарувано на човекот и дека почнал еден нов и бесмртен живот.

Затоа литургијата почнува co тоа свечено исповедање и славословие на својот Цар што доаѓа сега, но престојува секогаш и царува во сите векови.

„Време е да My се служи на Господа”, му објавува ѓаконот на претстојателот.

Тоа не e само потсетник дека сега e „добро” или „погодно време” за извршување на светата тајна.

Тоа e потврда и исповедање дека новото време, времето на царството Божјо и неговото исполнување во Црквата, сега влегува во паднатото време на „овој свет”, за ние, Црквата, да можеме да бидеме издигнати на небото и таа да се преобрази во „тоа што е”, Тело Христово и храм на Светиот Дух.

„Благословено е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух…”

Амин, одговара народот.

Овој збор обично се преведува co „нека биде така”, но неговото значење е посилно од ова. Означува не само согласување, туку и активно прифаќање.

„Да, така e и нека биде така”.

Co овој збор соборот ја завршува и како да ја запечатува секоја молитва што ја изговара претстојателот, co тоа изразувајќи го своето органско,

одговорно и свесно учество во сите и во секое, во единственото свештенодејствие на Црквата.

„Ha тоа што сте, кажете Амин”, пишува блажениот Августин, „и така запечатете го co својот одговор. Затоа што слушате „Телото Христово” и одговарате co Амин.

Бидете членови на Телото Христово коешто се остварува co вашето Амин… Свештенодејствувајте го тоа што сте”.

Пренесено од книгата “Евхаристија” на Александар Шмеман

Подготви М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/04/29179/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (1)

Ги видов сплетките што непријателот ги распространил низ светот и во лелек реков: „Што би можело да помине низ овие сплетки?“ Тогаш слушнав глас што ми рече: „Смирението“. свети Антониј Велики Серафимот не можел да го допре разгорениот јаглен со своите прсти, туку само го приближил до устата на Исаи...

Image Description
2 years ago

ПРАШАЊЕТО НА ЈОВ: „ЗОШТО СТРАДАЊА?“

  Многумина сметаат дека Библијата молчи кога се работи за „скокотливата“ тема за страдањето на невините луѓе. Меѓутоа, тоа воопшто не е така. Во Стариот Завет на тоа прашање му е посветена цела една книга – книгата Јов. Човештвото се измачува со проблемот на „божествената жестокост“ од првит...

Image Description
3 years ago

Таа жена го исполнувала во живот Евангелието…

Прашав една жена: -Што правиш во животот, се бориш ли, се радуваш ли на својот живот? Таа рече:-Јас, баќушка, не правам ништо. Зошто?-Не се подвизувам како вие. -Т.е. што правиш?-Па, не правам ништо. Имам пет деца, ги пораснав но, не се подвизувам како вас. Ги носев на школо, седев ноќум кога беа...