33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 21 seconds


33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Апостол од Послание до Ефесјаните (4, 7-16)

Потребно е да се одржува единството на Духот и да се оди по новиот пат.

7 А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8 Затоа е и речено: »Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето«.

9 А што означува »издигајќи се«, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10 Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11 И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители,

12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13 додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство,

14 та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата,

15туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава, Христос,

16 од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Евангелие од светиот

апостол Матеј (4, 12-17), зачало 8.

12 Акога чу Исус дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;

13 и, кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14 за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:

15 „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, оданде Јордан, незнабожечка Галилеја е.

16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот, и во сенка смртна, им изгреа светлина“.

17 Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30486/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За Светиот апостол Тома!

Светиот апостол Тома Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја...

Image Description
3 years ago

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА – На Велики четврток…

НОЌТА ВО ГЕТСИМАНИЈА Ноќта меѓу 6 и 7 април He било обичај да се напушта домот во ноќта за време на пасхалната трпеза, но Исус го прекршил ова правило, веројатно грижејќи се за учениците. Во куќата тие лесно можеле да бидат уапсени заедно co него. He e исклучено дека Јуда првин се убедил дека куќат...

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...