32. Недела пред Богојавление!

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 40 seconds


Свето евангелие според светиот апостол Марко

Јован го објавува доаѓањето на Исуса Христа.

1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,

2 како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.«

3Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.

4 Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.

5 И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.

6 А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.

7 И проповедаше, велејќи: »По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.

8 Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.«

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/15/30459/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...

Image Description
3 years ago

Обрезание Господово

 31 декември/13 јануари 2019 лето Господово Во осмиот ден по своето раѓање, нашиот Господ Исус Христос благоволи да биде обрезан за да го исполни Законот. „Не дојдов, рече, да го нарушам Законот и Пророците туку да го исполнам“ (Мат. 5,17). Вака им зборуваше Господ Исус Христос на своите Апо...

Image Description
2 years ago

26. Недела по Педесетница (И твојата последна минута може да отчука уште денес…)

… „Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми и таму ќе го соберам сето свое жито u сите свои добра”. Ете, тоа e главната работа на неразумниот човек. Наместо да го урне стариот човек во себе и да го подигне новиот, тој ги вложува сите свои сили во уривање на старите...