Ава Арсениј за смирението

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 36 seconds


smirenie2

Некогаш кај ава Арсениј во ќелијата дошле демоните и го вознемирувале. Прислужниците се приближиле до него и, застанувајќи надвор од ќелијата, го слушале како повикува кон Бога и вели: Боже! Не оставај ме, не направив ништо добро пред Тебе, но по благодатта Твоја, дај ми да поставам (нов) почеток.

За него го говореле и ова: како што никој во царскиот двор не носи поубава облека од царот, така и во црквата никој не облекувал полоша облека од него.

Кога еднаш ава Арсениј прашувал некој египетски старец за своите помисли, тогаш еден друг, кога го видел, рекол: ава Арсениј! Како ти, кој ја познаваш сета римска и грчка наука, прашуваш за своите помисли кај овој неписмен? Арсениј му рекол: римската и грчката наука ја знам, но азбуката на овој (неписмен) сè уште не сум ја научил.

Source: http://mistagogia.mk/ava-arsenij-za-smirenieto/

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Иконата и нејзината смисла

- Иконата како сведоштво за фактот на Боговоплотувањето Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас Сум Господ, Бог твој (2Мојс 20,4-5). Овој стих, кој ја преда...

Image Description
3 years ago

ДУХОВНИ ПОУКИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ ОТЦИ

  ДУХОВНИ ПОУКИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ ОТЦИ   „Зошто луѓето учат преку болка и страдање, а не преку удобност и среќа? Многу едноставно, затоа што преку удобност и среќа човекот се навикнува да биде задоволен со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го принудуваат човекот да бара подла...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Игумен Арсениј Бока: ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИ

  ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИДа претпоставиме дека некој тинејџер паднал во гревот на ракоблудот, кога првпат ќе го почувствува тој нагон. Неговите родители не знаат што прави, а тој е се поповлечен, потивок, поуморен, повеќе не учи. Неговата меморија, церебралниот кортекс на неговиот мозок, е загроз...