33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 21 seconds


33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Апостол од Послание до Ефесјаните (4, 7-16)

Потребно е да се одржува единството на Духот и да се оди по новиот пат.

7 А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8 Затоа е и речено: »Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето«.

9 А што означува »издигајќи се«, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10 Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11 И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители,

12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13 додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство,

14 та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата,

15туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава, Христос,

16 од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Евангелие од светиот

апостол Матеј (4, 12-17), зачало 8.

12 Акога чу Исус дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;

13 и, кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14 за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:

15 „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, оданде Јордан, незнабожечка Галилеја е.

16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот, и во сенка смртна, им изгреа светлина“.

17 Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30486/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Смилен Марков: Верата не треба да се упростува

Денес многу често на христијаните им се укажува дека за верата треба да зборуваат на упростен начин, со што не би го обременувале без потреба современиот човек, кој веќе е прејаден од сложеноста на светот во кој живееме. Големиот христијански философ и богослов со руско потекло Сергеј Аверницев...

Image Description
3 years ago

Од православниот календар -Кој бил Светиот пророк Самуил

Светиот пророк Самуил Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и што...