32. Недела пред Богојавление!

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 40 seconds


Свето евангелие според светиот апостол Марко

Јован го објавува доаѓањето на Исуса Христа.

1 Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,

2 како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.«

3Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.

4 Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.

5 И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.

6 А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.

7 И проповедаше, велејќи: »По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.

8 Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.«

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/15/30459/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Велигден во затвор

Јеромонах Дамаскин Кристенсен (од животот на праведниот романски свештеник Георги Калчу) Едно доживување од детството Отец Георги ни раскажа и за едно друго допирање до несоздадената светлина – кога бил дете. Како осумгодишен, стоел загледан во нивата на своите родители и...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Со љубов и почит за НЕА – Великата руска кнегиња Елисавета

   (Обновено) Колку ли можеме да простуваме? Некоја навреда, можеби? Неисполнето ветување? Лажно обвинување? А можеме ли да простиме убиство на некој што ни е многу близок, како што прости ТАА? Колкава ли жртва можеме да направиме за другите? Да се откажеме од нешто што ни припаѓа, можеби...